САД бараат Русија да го затвори својот конзулат во Сан Франциско и одделенијата во Вашингтон и Њујорк


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американскиот Стејт департмент соопшти денеска дека од Русија е побарано да го затвори својот конзулат во Сан Франциско, како и двете конзуларни одделенија во Вашингтон и во Њујорк.

Ваквото решение на американските власти претставува одговор на руската мерка преземена минатиот месец, кога од Американците беше побарано драстично да го намалат својот персонал во дипломатско-конзуларните мисии во Русија за над 700 лица.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека решението за затворање на конзулатот во Сан Франциско е во „духот на паритетот“.

Со одлука на американските власти, затворањето на трите конзуларни мисии и канцеларии на Русија во САД, мора да биде завршено до сабота.