Сабатини нов директор на Интер, се чека Спалети!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот директор на Рома, Валтер Сабатини ја презеде директорската функција во Интер, односно ќе биде технички координатор на сите клубови кои се во сопствениот на компанијата „Сунинг“.

„Нероаѕурите“ синоќа и официјално му врачија отказ на тренерот Стефано Пиоли, па веќе тргнаа во потрага во тренер за следната сезона.

Сега кога Сабатини има значајна улога во клубот медиумите тврдат дека прва пик за тренерското столче ќе биде Лучијано Спалети, кој на крајот од сезоната најверојатно ќе ја напушти Рома.

Со оглед на фактот дека Диего Симеоне и Антонио Конте се тешко остварливо цели за Интер, во моментов најреална опција е токму Спалети, а со доаѓањето на Сабатини би можел да се отвори патот за ангажман на неколку фудбалери на Рома како што се Раџа Наинголан, Костас Манолас и Кевин Стротман.