Home Мода и убавина Сѐ попопуларен вирaлен бјути тренд – дали би се осмелиле да го пробате?

Сѐ попопуларен вирaлен бјути тренд – дали би се осмелиле да го пробате?

Вирален тренд за убавина што сѐ повеќе добива популарност – дали би го пробале?

Гликолната киселина стана неизбежен дел од рутината за нега на кожата и последниве години сѐ почесто се користи во производи кои се насочени кон решавање на различни проблеми со кожата.

Иако овој активен составен е присутен на пазарот веќе подолго време, најновиот вирален тренд на TikTok носи иновативна идеја: користење на гликолна киселина како замена за дезодоранс. Да, добро прочитавте! Но што претставува гликолната киселина, како делува и зошто сега е во фокусот на интересот?

Што е гликолна киселина и како делува врз кожата?

Гликолна киселина е тип на алфа хидрокси киселина (AHA), која најчесто се добива од шеќерна трска. Благодарение на своите моќни ексфолирачки својства, таа ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата и го стимулира природниот процес на обнова. Како резултат, кожата станува помазна, посветла и со порамнета текстура.

Дополнително, гликолната киселина е ефикасна при третирање на акни, видливи линии, брчки, хиперпигментација и т.н. старечки дамки. Поради нејзината ниска молекуларна тежина, продира длабоко во кожата, што овозможува подобро чистење на порите и подобрување на текстурата. Со редовно користење, кожата изгледа посјајно, посвежо и поздраво, а може да придонесе и за зголемување на еластичноста и намалување на знаците на стареење.

Дали е погодна за секој тип кожа?

Најсоодветна е за нормална, комбинирана и мрсна кожа, бидејќи кај сува и чувствителна кожа може да предизвика иритација. Но, тоа не значи дека лицата со чувствителна кожа треба целосно да ја избегнуваат. Препорачливо е да се изберат производи со пониска концентрација, како гелови за миење или тонери со низок процент на гликолна киселина.

Без разлика на типот кожа, секогаш се препорачува употреба на хидратантни производи по нанесување на гликолната киселина, а најдобро е да се користи навечер, за да се избегне прекумерна изложеност на сонце.

Како и каде да ја користите гликолната киселина?

Овој активен составен е присутен во разни производи: тонери, серуми, маски, пилинзи и гелови за миење. При избор на производ, обрнете внимание на концентрацијата и одберете според потребите на вашата кожа. Најдобро е да се користи еднаш до двапати неделно, зависно од чувствителноста.

Важно е да се знае дека гликолната киселина не е компатибилна со сите други состојки – како на пример со ретиноиди – па не треба да се комбинираат во иста рутина.

Нов вирален тренд: гликолна киселина како замена за дезодоранс

TikTok како платформа со текот на времето стана паралелен извор на нови трендови за нега, а последниот што го привлекува вниманието е користењето гликолна киселина како алтернатива за дезодоранс. Корисниците тврдат дека нанесување на тонер со гликолна киселина под пазуви може да помогне во спречување на непријатни миризби, намалување на потење, како и избледување на потемнетата кожа во таа област.

Се смета дека киселиот pH на гликолната киселина создава средина во која бактериите што предизвикуваат мирис не можат да опстанат. Дополнително, ефектот на пилинг помага во отстранување на мртвите клетки, што ја прави кожата под пазувите порамна и посветла.

Внимание: не е секој тип кожа погоден

Иако оваа практика звучи иновативно, не секој може да ја користи без негативни последици. Особено кај чувствителна кожа, гликолната киселина може да предизвика црвенило, печење или иритации. Лица со кожни состојби како егзема, дерматитис и слични нарушувања, треба целосно да ја избегнуваат оваа практика.

Исто така, гликолната киселина може да влијае негативно на дејството на други производи, како антиперспиранти. Поради тоа, најдобро е да се консултирате со дерматолог пред да го воведете овој тренд во вашата рутина.

Заклучок: иновативно, но со внимание

Користењето на гликолна киселина како дезодоранс е интересен и потенцијално корисен тренд, но бара внимателен пристап. Ако сте љубопитни да го испробате, започнете со проба на мала површина и следете ја реакцијата на кожата пред редовна употреба. Секогаш е паметно да се советувате со стручно лице пред воведување на новитети во негата.

Иако трендот може да биде корисен за некои, како и со сите нови третмани, клучот е умереноста и информираноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Антилоп е официјално во мода: пролетна текстура што ги освојува модните писти и градските улици

Антилопот официјално е во мода: Пролетната текстура која ги освојува модните писти и градс…