Русковска суспендирана, Муареми повеќе не е директор на Финансиската полиција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми си поднесе оставка откако претпладнево дражавниот јавен обвинител Јовески отвори дисциплински постапки за трите обвинителки од обвинителството за спречување организиран криминал и корупција – Вилма Рускоска, Елизабета Јосифоска и Ивана Трајчева поради наводно незаконскиот претрес во оваа институција, а Рускоска заработи и суспензија.

„Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, стои во соопштението на Муареми кој вели дека денешната одлука на Јовески е порака дека сите мора да ги почитуваат законите.

Муареми по претресот и серијата јавни преписки со Рускоска поднесе претставка до републичкото јавно обвинителство кое пак, по извршениот увид потврди дека трите обвинителки направиле пропусти во постапката. Рускоска, Јосифоска и Трајчева добија и кривична пријава од директорот на финансиска полиција. Рускоска пак, побара да биде заштитена од меѓународниот фактор иод притискот што и го правел владин функцинер.

Претходно во текот на денот, од јавното обвнителство соопштија дека Јовески отворил дисциплински постапки за обвинителките и донел одлука за одалечување од јавнобивнителската функција за Рускоска додека трае кривичната постапка за нејзе.

Според соопштението на обвинителството, за трите обвинителки, согласно законот, постои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство

Рускоска ја потврди информацијата, но не изнесе повеќе детали. За нејзе од утре почнува да тече рокот да изјави жалба на ваквата суспензија пред Советот на јавните обивнители. Како што објаснуваат од таму пак, посотојат два рока еден во Законот за Советот кој изнесува 3 дена, и еден во Законот за јавно обивнителство кој е 8 дена.

Со оглед на праксата, ќе се користи поповолното решение за суспендираните обивнители и ќе се земе пред вид рокот од 8 дена, по што веднаш ќе одлучиме, велат неофицијално од Советот на обвинителите.

Обинителството на Рускоска под свое ги има предметите за двајцата генерални секретари на Владата – Драги Рашкоски и Мухамед Зекири, за слуачите Рекет со Бојан Јовановски и специјалната обвинителка Катица Јанева, ги презеде и голем дел од преметите од СЈО, но го водеше и случајот за тероризам за собраниските настани од 27 април 2017 година.