Рускоска „не коментира туѓи ставови“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во изјава за Сител кратко и отсечно кажа дека не коментира туѓи ставови после објавувањето на соопштенијата на Апелационит суд и Судскиот совет за нејзино наводно мешање во работата на судовите.

Апелација и Судски совет вчера на заеднички колегиум оценија дека СМС пораката на Рускоска е недолично однесување и преседан во правосудниот систем.

По одлуката на апелационите судии, за одредување домашен притвор за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, Рускоска на судијата Јани Нича му испратила СМС порака со содржина:

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам“.