Рускоска на неколку страници дала отчет до Јовески за заканувачката СМС порака до Нича


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Обвинителката Вилма Русковска преку писмен допис напишан на неколку страници, му дала отчет на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, објаснувајќи го целиот случај во врска со контроверзната заканувачка СМС порака која ја испратила до судијата Јани Нича.

Според информации кои ги пренесува Сител, обвинителката детално го анализирала случајот, а во дописот ги навела сите околности за таквата реакција.

Писмената изјава на Русковска освен до Советот на јавни обвинители, испратена и од државниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, а на нивните адреси, дописот е испратен утринава.

Од јавнообвинителскиот совет велат дека во текот на денот, изјавата на Русковска ќе биде анализарана по што дополнително ќе го соопштат нивниот став.. Објаснуваат дека не можат да имаат правен став, а евентуална одговорност може да утврди единствено државниот обвинител.

Претходно, Советот на јавни обвинители побара објаснување и од Апелациониот суд кој ја донесе одлуката за ослободување на Катица Јанева. Судот синоќа ја објави и одлуката во која наведува дека обвинетата жена е самохрана мајка, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачувување на нејзиното здравје.