Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На американските давачки за увоз на алуминиум и челик, Русија и Јапонија предупредија дека ќе воведат одмазднички мерки. Ова ќе биде во форма на санкции во вкупна вредност близу 1 милијарда долари. Ова станува јасно од документите објавени од страна на Светската трговска организација (СТО), цитирани од „Ројтерс“.
Со нив двете држави ја известуваат САД за тоа колку ќе чини нивниот нов план при зголемување на давачките, потпирајќи се на податоците за извозот од 2017-та година. Слични активности веќе беа поднесени и од Европската унија и Кина.
Според плановите на Москва, Вашингтон ќе додаде давачки во износ од 538 милиони долари кон нејзиниот годишен извоз. Кај Токио износот е нешто помал – 440 милиони долари.
И двете земји изјавија дека имаат право да наметнат еднакви по обем санкции врз американскиот извоз. Ниту една од двете држави, не прецизира кои стоки ќе бидат санкционирани.
Минатата недела агенција „Ројтерс“ објави дека Јапонија размислува за воведување на царина за извозот на САД во износ од 409 милиони долари како одмазда за давачките за увоз на челик и алуминиум на претседателот Доналд Трамп.
Јапонија е единствениот главен сојузник на САД кој не беше ослободен од царините на Трамп.