Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стејт департментот потврди дека 35 руски дипломати кои американскиот претседател Барак Обама ги прогалси за персона нон грата ги напуштиле Соединетите држави.
Портпаролот на руската амбасада во Вашингтон претходно изјави дека авион со 35 руски дипломати и нивните семејства полетал од меѓународниот аеродром во Вашингтон.
Обама во четвртокот потпиша декрет за воведување нови санкции врз Русија поради мешање во американските претседателски избори и наложи протерување на 35 руски дипломати од амбасадата во Вашингтон и од конзулатот во Сан Франциско.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да протерува американски дипломати од Русија како одговор на, како што оцени, непријателската акција на американската администрација во заминување.