Рускиот банкарски гигант Сбербанк се повлекува од европскиот пазар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголемата руска банка Сбербанк информираше дека се повлекува од европскиот пазар.

Причина за нејзината ваква одлука е тоа што е погодена од огромни финансиски санкции воведени поради руската инвазија врз Украина.

Имено, филијалите на банката се повлекуваат затоа што имаат невообичаен одлив на средства, а закани добивале и вработените во банката.