Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Рускиот абасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов, за рускиот весник „Известија“ изјави дека во борбата против руските сили од почетокот на војната се приклучиле странски криминалци и платеници, пишува „Њуз вик“.
“Никој на Запад не го крие тоа. На украинска територија се собраа огромен број платеници и криминалци од различни видови. Изгледа како да се на сафари и ловат Руси”, изјави рускиот амбасадор Антонов.
Рускиот весник објави дека Антонов исто така изјавил дека Западот ја користи Украина како инструмент за борба против Русија и дека постои желба Русија да стане третокласна земја или да се подели на десетина помали држави.
News Week контактирал со Украинската меѓународна легија за територијална одбрана за коментар. Легијата е основана во февруари, а Киев објави дека околу 20.000 странски борци изразиле интерес да се приклучат. Сепак, не е јасно колку Американци има меѓу тие борци.