Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Украински војници на мал остров во Црното Море одбиле да се предадат пред руската војска која им се закануваала со бомбардирање од руски воен брод додека го освојувале малиот остров Змији до Крим.
Според аудиото, додека Русите се приближувале до островот рускиот офицер вели: „Ова е воен воен брод. Ова е руски воен воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето и да се предадете за да избегнете крвопролевање и непотребни жртви.Во спротивно ќе бидете бомбардирани“.
На тоа еден украински војникму одговара: „Руски воен брод, е*и се“.
Тоа беа последните познати зборови слушнати од островот. Сите 13 украински бранители беа убиени во руско бомбардирање , изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Сите граничари загинаа херојски, но не се откажаа. Постхумно ќе им биде доделена титулата Херој на Украина“, рече Зеленски.