Руски сточари пронајдоа совршено зачувано тело од мечка од леденото доба


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сточари кои чувале ирваси на рускиот Арктик откриле беспрекорно зачувани остатоци од мечка од леденото време.

Мечката се појавила по топењето на вечниот мраз на островите Лјаховски во североисточна Русија. Научниците веруваат дека станува збор за вид кафеава мечка што живеела пред 22.000 до 39.500 години, пишува Би-Би-Си.

Палеонтологот Лена Григориева од Универзитетот НЕФУ рече дека оваа мечка е „првото и единственото откритие од ваков вид“ пронајдена во едно парче, со зачувано „меко ткиво“.

„Целосно е зачувана, со сите внатрешни органи. Досега пронаоѓавме само черепи и коски. Ова откритие е од голема важност за целиот свет”, рече Григориева и додаде дека верува дека станува збор за животно кое е древен роднина на кафеавата мечка, голем вид што денес живее низ цела Евроазија и Северна Америка.

Трупот од мечка е пронајден од сточари кои чувале ирваси на островот Бољшој Јaховски.

Минатата година во Сибир било пронајдено совршено зачувано кутре старо 18 000 години.