Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На далечниот исток од Сибир, блиску до Хабаровск, руски сточар убил сибирски тигар, едно од најретките животни на планетава кое го иам во помалку од 500 примероци.
Животното влегло во шталата и ја нападнало неговата крава, по што човекот стрелал во реткото животно. Тигарот прво ја нападнал кравата, а потоа се нафрлил и врз човекот, сведочи Русинот. Сибирскиот тигар инаку е строго заштитено животно кое живее на мало подрачје меѓу Русија, Кина и Северна Кореја.
Се проценува дека преживеале помалку од 500 примероци од ова животно. Поради ловокрадците , властите го проверуваат секој поединечен случај на убиство на сибирскиот тигар.
Овие животни се барани поради крзното, забите и другите органи. На денеска убиениот тигар му недостигале карактеристичните заби , така што селанацот е однесен на распит во полиција.
Последниот случај на убиство на сибирски тигар во самоодбрана во тој регион се случил во 2012 година.