Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Руската компанија „НТИ Аутонет“ изработи робот кој ќе се користи за дезинфекција на простории, пренесе „ТАС“.
Роботот може да дезинфицира простории самостојно или со управување од далечина, заради што неговата употреба ќе биде од големо значење во време на пандемијата, порачуваат од компанијата.
Ваквиот начин на дезинфекција значително е полесен од вообичаениот и гарантира заштита на животот и здравјето на луѓето кои се вклучени во овој процес.
Овој робот е создаден со унапредување на роботот од серијата „Jуниор“, развиен од „Аурора Роботикс“, а во неговиот развој се вложени околу 135.000 долари, наведуваат од компанијата „НТИ Аутонет“.
Роботот може да подигне 50 килограми, што овозможуива поставување на резервоае со средство за дезинфекција. Роботот работи околу два часа со едно полнење на батеријата.