Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Руските медиуми известуваат дека група научници успеале да направат молекула која што го блокира чувството на пријатност кое што се создава при консумација на дрога.
Со влегувањето на супстанцата во крвотокот на зависникот се создаваат антитела кои го спречуваат ефектот на дрогата да стигне до мозокот.
Се очекува до 2023. година ова да стане првиот руски лек во борбата против зависност од дрога. Научниците тврдат дека новите молекули помагаат при лечење од зависност од опијати како хероин, морфин, кодеин, метадон, а целосниот третнам би траел од една до две години.
Лековите кои сега се достапни на пазарот успеваат кај 10 до 30 отсто од зависниците и имаат доста нуспојави. Оваа година започнуваат предклиничките тестирања на новиот лек.
Прво ќе биде тестирано на животни, а доколку се успешни ќе се врши тестирање и на луѓе. Во зависност од резултатите, научниците ќе се фокусираат и на создавање можност за користење на лекот и како превенција, особоено кај тинејџери.