Home Актуелно Руски дипломат протеран од Бугарија под обвинение за шпионажа

Руски дипломат протеран од Бугарија под обвинение за шпионажа

Под обвинение за шпионажа, бугарските власти протераа руски димпломат од земјата и побараа отповикување на истиот од страна на рускиот амбасадор во Софија.

Министерството за надворешни работи на Бугарија во понеделникот соопшти дека побарало од рускиот амбасадор во Софија да го отповика дипломатот обвинет за шпионажа. Обвинителството соопшти дека за дипломатот примило информации од националната агенција за безбедност и дека истрагата „целосно ги потврдила обвиненијата“.

Наводно од септември 2018 година рускиот дипломат, прв секретар во амбасадата на Москва во Софија, имал редовни средби со Бугари, меѓу кои и еден висок функционер со пристап до доверливи информации за Бугарија, за ЕУ и за НАТО, и им понудил компензација во замена за информацијата.

Бугарија, најблискиот сојузник на Москва за време на Студената војна, им се придружи на НАТО и Европската Унија последнава деценија, но сè уште во снабдувањето со енергија е скоро целосно зависна од Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…