Славни

Руската „модерна Пепелашка“: Од затвор до брак со тајкун и луксузен живот

Елена Перминова е бивша руска манекенка која денес ужива во луксузен и раскошен живот за каков сонуваат многу помлади и повозрасни припаднички на понежниот пол. Но, нејзината животна приказна не е отсекогаш облагородена со удобност, имашливост и раскош.

Елена Перминова во раната младост живеела во тешка сиромаштија и неверојатно тешки социјални услови. Семејството на Елена потекнува од Новосибирск, каде е родена и таа. Биле толку сиромашни, што таа од глад на 16 години избегала од дома.

Со тогашното момче почнале да продаваат дрога, но набргу била уапсена и осудена на шест години затвор. Освен тоа, го кажала името на главниот дилер, така што и се заканувале со смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

Нејзините очајни родители му се обратиле за помош на денес познатиот руски тајкун и олигарх, Александар Лебедев, кој тогаш работел на програма за помош на сведоци. Поранешниот припадник на КГБ, решил да и помогне на Елена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

Го искористил своето влијание и ја извадил Елена од затвор. По неколку години, 27 години постариот милијардер се венчал со Елена. Неговиот син од првиот брак е дури осум години постар од Елена. Таа по излегувањето од затвор почанала да се занимава со манекенство, па дури и позирала за Плејбој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

Денеска има три деца со Лебедев и е целосно посветена на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

Advertisements
To Top