Руската Ким Кардашијан знае и вака: Квитко се пофали со „венчаницата“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако ги поврзат неколку фактори со објавата на бомбастичната Анастасија Квитко облечена во секси деколтирана „венчаница“ и исклучените коментари баш на таа фотографија, таа или ќе се мажи, со што ќе ја разочара својата армија од машки фанови, или пак сака да ги задева истите и да не им дозволува ништо да зуцнат поврзано со ваквате провокација.

Сепак, познатата секс бомба, не остави долго своите фанови да бидат разочарани, откривајќ им дека не станува збор за мажачка, туку за промоција на нов, специфичен костим за капење.

Од претходно, Квитко ја обвинуваат дека краде идеи од Ким Кардашијан, но таа тврди дека многу поубава од неа и посебно инсистира дека е целосно природна, со тело кое го „одгледува“ со напорна работа во теретана (еве, мижиме и веруваме).

„Хејтерите“ ги шират по интернетот нејзините фотографии од времето кога била „тинеџерка без цицки“, но рускиот модел со адреса во Лос Анџелес ги игнорира и тврди дека одлучила да ги направи заштите знак своите бујни гради откако била одбиена од неколку модни агенции со изговор дека е дебела за ангажмани.