Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Централната банка на Русија ја намали референтната каматна стапка за 0,5 проценти поени, од 9,75 проценти на 9,25 проценти, јавува агенцијата Тас.
Бордот на директори на Банката на Русија одлучи да ја намали референтната камата на 9,25 проценти годишно, имајќи во предвид дека инфлацијата се движи кон целта, дека инфлаторните очекувања продолжуваат да паѓаат и дека економската активност закрепнува, се наведува во соопштението на банката издадено по завршување на седницата.
Според оценката на Централната банка, со оглед на умерено строгата монетарна политика, целната стапка на инфлација од 4 проценти ќе биде остварена пред крајот на 2017 година, и ќе се задржи околу тоа ниво и во 2018 и 2019 година, пренесува руската новинска агенција.