Advertisements
Славни

Руската безбедносна служба открива зошто Путин прв доби чадор на финалната свеченост

За време на свеченоста по повод доделувањето на медалите и пехарот по финалниот дуел меѓу Хрватска и Франција на Светското фудбалско првенство, речиси поголемо вниамние од самите фудбалери привлекоа претседателите на Русија, Хрватска и Франција.

Најголемото внимание го предизвикаа Колинда Грабар Китаровиќ, Владимир Путин како и Емануел Макрон откако на стадионот во Москва за време на доделувањето на пехарот заврна силен дожд.

По неколку секунди Владимир Путин доби чадор, додека останатите двајца претседатели останаа да врнат на дождот.

Руските медиуми по бурата реакции открија зошто не било дозволено Путин да не биде измокрен ниту од една капка дожд.

„Грижата околу чадорите е грижа за луѓето кои го чуваат претседателот. Во извештаите на руската безбедносна служба јасно пишува дека чадорот треба да се отвори преку главата на Путин веднаш штом падне првата капка дожд. А во оваа прилика треба да се запрашаат телохранителите на Макрон и Колинда кои дозволиле ваков пропуст“, стои во соопштението на руската служба.

Секако дека и останатите двајца претседатели добија чадори, но многу подоцна.

Advertisements

Најпопуларно

To Top