Руска РИА Новости: Македонија може да влезе во НАТО во наредните четири месеци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Прашањето за влез на Македонија во составот на НАТО би можело да биде решено во наредните три до четири месеци, изјавил неименуван европски дипломат, дознава РИА Новости.

„Преговорите драстично се забрзаа. Планираме да ги завршиме за три до четири месеци, што значи на есен“ изјавил европскиот дипломат за руската агенција.

Според неговите зборови, преговорите се убрзани на иницијатива на САД, пренесува „Спутник“.
Медиумите претходно пишуваа дека Северноатланстаката алијанса планира до пролетта 2018 година во својот состав да ја додаде и Македонија, а за да се постигне тоа, официјално Скопје би требало да го промени името на државата.

Проблемот со името на државата, го кочи и процесот на европската интеграција на Македонија, со оглед дека Грција се противи што поранешната југословенска република носи назив како северно грчката област.