Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колку се луди и креативни Русите не е потребно да зборуваме. Последниве 11 години на Таратур ставивме еден куп видеа кои го докажуваат тоа. Но, интересното кај нив е што секогаш знаат да се надминат себе си. Така и овој Русин, кој доби генијална идеја – да стави дрвени тркала на москвич.
Михаил Маслов е еден од тие луди креативни Руси кои сакаат откачени нешта. Тој купил москвич за 50.000 рубљи (околу 700 евра) и се реши да проба да види како е да вози на дрвени тркала.
„Некој сака да се поднови со нов Ајфон, некој со дизајнерска облека, а ние парите ги користиме на позабавен начин“, вели Михаил.
Видеото со неговиот подвиг, погледнете го во продолжение: