Руска делегација стигна во Белорусија на разговори со Украина за актуелната воена состојба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Делегација од Русија пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави Песков.

– Ќе бидеме подготвени да ги започнеме овие разговори во Гомел, додаде тој.