Русите знаат како: Комбинираат јога и пиво – ја викаат „пивска јога“ (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод – „пивска јога“.

Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби.

– Сакам на луѓето да им биде пријатно – не само да седнат в бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција.

Таа идеја ја добила од двајца јога инструктори од Берлин. Тие пак, биле инспирирани од американскиот фестивал „Burning Man“.

„Пивската јога“ е спој помеѓу две работи коишто сите ги сакаме – пивото и јога. И едното и другото се многувековни терапии за телото, душата и умот. Задоволството од пиењето пиво и сосредоточувањето на јога вежбите се комбинираат и создаваат енергично доживување, според инструкторите.

До скоро имало само две училишта за „пивска јога“ во светот – во Берлин и во Сиднеј, а денес ги има на речиси секој континент.