Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Русија најави дека следниот месец ќе се исклучи од глобалниот интернет со цел да ја тестира сопствената интернет мрежа.
Руската влада се подготвува повторно да ја тестира сопствената верзија на интернет, наречена Ру-нет, изолирана од другите мрежи и нации. Постапката се очекува да почне во ноември, пренесуваат руски медиуми.
На овој начин Русија сака да се заштити од сајбер напади, поради што нејзините експерти смислиле систем за заштита на сопствените компјутерски системи, којшто им овозможува на русите да функционираат он-лајн и без пристап на глобалниот интернет.