Русите тврдат: Во Гута најдени канистри со хлор од германско потекло и британски чадни бомби


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Според официјалната изјава на портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на територијата на сирискиот град Гута биле најдени канистри со хлор произведени во Германија, како и димни бомби произведени во Велика Британија.

„Во ослободените делови на Источна Гута, сириската војска најде канистри со хлор, најлошиот вид хемиско оружје, кои беа од Германија. Покрај тоа, најдени се и димни гранати кои се произведени, внимавајте на ова, во градот Салзбери, во Велика Британија“, соопшти Захарова во Москва.

Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка беа нападнати со нервен отров токму во Салзбери.

Портпаролката на руското министерство изјави дека ова откритие ја поткопува „верата во човечноста на лидерите на некои држави“.

Захарова кажа и дека, пред наводниот хемиски напад во Дума, кој западните сојузници го искористија како изговор за нападот врз Сирија минатата сабота, Русија неколку пати предупредуваше на провокации од страна на милитантите.

Американски, британски и француски сили удрија по Сирија со воздушни напади рано наутро во саботата, како одговор на нападот со хемиско оружје во кој во сирискиот град Дума беа убиени десетици луѓе, а Русија порача дека нападот нема да мине без последици.