Русите тврдат дека во ракетен напад убиле над 50 украински генерали и офицери


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк на истокот од Украина „успешно се развива“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодоњецк.

– Офанзивата во правец на Северодоњецк се развива успешно, рече Конашенков.

Тој додаде дека руските сили го погодиле командниот центар на украинската армија во регионот Днепро со крстосувачки ракети со долг дострел, при што загинале повеќе украински генерали и офицери.

– Како резултат на нападот, беа уништени повеќе од 50 генерали и офицери на вооружените сили на Украина, вклучително и Генералштабот, командата на трупната група Каховка, трупи за воздушен напад и формации кои дејствуваа во насока на Николаев и Запорожје, рече тој. Во тој момент имало работен состанок на командниот штаб на оперативно-стратешката група на воената група „Александрија“, појасни портпаролот.