Русите тврдат дека во Мариупол го убиле „најсмртоносниот снајперист на светот“: „На бојното поле не издржа ни 20 минути“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руските медиуми пренесуваат дека руските специјални сили го убиле канадскиот снајперист Вали за 20 минути откако тој излегол на бојното поле во Украина.

-Канадски снајперист, кого пропагандата го нарече „Најсмртоносниот снајперист на светот“, а за кого Невзоров рече дека ќе убива по 60-70 Руси на ден. Тој е убиен од руските специјални сили во Мариупол дваесет минути по пристигнувањето, пишува во објавата на Телеграм.

Снајперистот, кој бил член на елитната 22-рата кралска ескадрила на канадската армија, служел во Ирак и Авганистан и учествувал во курдските борби против ИСИС.

Претходно тој изјави дека се приклучува на борбите во Украина, бидејќи, како што рече, сака да им помогне на луѓето кои веќе две недели се под инвазија на руската армија.