Русите тврдат дека Украинците нападнале руски град (снимки)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како резултат на украински артилериски напад, еден цивил е убиен, а двајца се ранети во градот Валујки, изјави гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков, во петокот нешто по полноќ. Проектилите што успеале да поминат низ руската противвоздушна одбрана уништиле и три возила и запалиле осум приватни живеалишта.

„Воздушната одбрана беше активирана, но има штета на теренот“, рече Гладков на Телеграм. „Електричната трафостаница е оштетена и во прекин е снабдувањето со електрична енергија во градот.”

Прелиминарните информации покажуваат дека загинал еден цивилен жител, додека на лице место им била укажана медицинска помош на уште две лица што биле повредени, рече Гладков , додавајќи дека највисоките регионални и локални функционери се на терен и реагираат на нападот.

Клучните објекти и јавните згради беа префрлени на алтернативни генератори на електрична енергија, сè додека струјата не била на крај обновена во 5 часот утрово.