Русите објавија снимки за кои тврдат дека прикажуваат дел од над 1.000 украински војници кои се предале во Мариупол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


на руското министерство за одбрана Игор Конашенков денес кажа дека вчера се предале 1.026 украински маринци, додавајќи дека меѓу нив има 162 офицери и 47 жени. Руските телевизии објавија снимка за која тврдат дека го прикажува предавањето на украинските војници на руските сили.

„Тие своеволно го положија оружјето поради акциите кои ги преземаа руските сили и милицијата на Народна република Доњецк. Предавањето се случило кај фабриката за метал Илич во Мариупол“, кажа Конашенков.

Меѓу маринците кои се предале има 151 ранет војник, според руските тврдења. Откако на лице место им била дадена прва помош, тие биле префрлени во болница во Мариупол на понатамошно лекување.

Руските тврдења не се независно потврдени.