Вебкафе

Русинките од „спенкинг“ направија спорт: Шампионат во плескање по задник (видео)

Ако лудите руски машки натпревари во шамарење ви беа чудни, бизарни и несфатливи, тогаш можеби оваа нова руска женска „спортска дисциплина“ малку ќе го „освежи“ вашето расположение и заинтересираност за откачените „дисциплини“ кои Русите ги издигнуваат на ниво на спортски натпреварувања.

„Butt-slapping Championships“ (Шампионат во плескање по задник) е натпрвар во кој жените се плескаат по задниците додека едната од нив не падне и со тоа го загуби дуелот.

На натпреварот се пријавуваат разни женски фитнес фанатици кои ги изложуваат на тест своите затегнати и добро одржувани задници пред налетите на „шамарите“ од противничките.

Правилата во ова „сочно“ натпреварување се прилично едноставни: Натпреварувачките, кои сите делат иста пасија кон фитнесот и вежбањето, се плескаат по задниците, подложувајќи ги на тест резултатите од своите напорни и посветени тренинзи во фитнес салоните и теретаните.

Победник е онаа девојка која доволно јако ќе ја плесне противничката по задникот за да ја измести од рамнотежа и таа да падне или да се затетерави нанапред. Нема никакви повреди и опасност од добивање на истите.

Една од победничките на овие турнири, фитнес блогерката Анастасија Золотаја на својот Инстаграм профил споделува и видео материјали со совети и инструкции како да се изведе „совршено плескање“.

Advertisements
To Top