Русија тврди дека припадниците на Азов преговараат како терористите од ИСИС: „Нудат размена на украински цивили за храна и лекови“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Руската новинска агенција РИА пренесува тврдење дека „украинските милитанти што се вселија во Азовстал понудија да разменат цивили за храна и лекови“. Агенцијата се повикува на „претставник на штабот за операцијата за ослободување на Азовстал“.

„Мораме да одржуваме контакти со нацистите од Азов што се вселија таму и со претставниците на СБУ (Безбедносната служба на Украина) во интерес на спасување на цивилите што останале таму. Во текот на преговорите ни понудија да размениме цивилни заложници за храна и лекови, и тоа по 15 заложници за тон храна и лекови“, рекол соговорникот на руската новинска агенција.

Како што рекол, повеќе од 200 цивили, меѓу кои жени, деца и стари лица, може да се наоѓаат во катакомбите на фабриката.

Претставникот на штабот рекол дека руската војска наишла на исти методи во Сирија кога преговарала со терористите на ИСИС. „Понудија и размена на ослободените луѓе за храна и лекови во ист сооднос“, тврди соговорникот на РИА.