Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руската федерална служба за надзор на комуникации се закани со блокада на социјалната мрежа Фејсбук од наредната година, доколку компанијата не ги почитува руските закони за интернет.
Александар Жаров, директор на руското медиумско регулаторно тело Роскомнадзор, во вторникот изјави дека ќе работат на тоа Фејсбук да ги усогласи своите политики со законот за пристап до лични податоци во Русија.
Законот за интернет во Русија на странските компании им наложува дека задолжително треба да ги достават личните податоци од корисниците до властите, што многумина го критикуваа како контроверзен услов.
Жаров изјави дека руската Влада го разбира фактот оти Фејсбук е „уникатна платформа“, но предупредува дека нема да прави никакви исклучоци и дека ќе бидат принудени да го блокираат Фејсбук следната година доколку американската компанија не се придржува до руските закони.