Русија ѝ понуди на Европа да им обезбеди 100 милиони дози од вакцината „Спутник V“ за вакцинирање на 50 милиони жители


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Официјална Москва му порача на Брисел дека Русија може да ѝ обезбеди на Европската Унија 100 милиони дози на „спутник V“, со кои ќе се вакцинираат 50 милиони жители на Унијата.

Рускиот инвестициски фонд, кој стои зад производството и дистрибуцијата на руската вакцина „спутник V“, објави дека може да обезбеди 100 милиони дози од таа вакцина на ЕУ во текот на следниот квартал од оваа година“, беше наведено на официјалниот твитер-профил на „спутник V“.

„Спутник V“ е прва регистрирана вакцина против коронавирус во светот, а таа постапка е завршена во август 2020 година. Компанијата што ја произведува, како и руските регулаторни тела, изјавија дека има заштита до 90 проценти.

Бидејќи ЕУ е во голема неволја кога станува збор за планираната имунизација на жителите поради неиспорачување на порачаните вакцини од компанијата „АстраЗенека“, поради што Брисел и раководството на таа фармацевтска компанија се во војна со денови, ЕУ сега може да ја спаси Русија.