Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражниот комитет на Русија за јавноста соопшти дека од нивна страна е отворена кривична постапка против обвинителите и судиите во Меѓународниот кривичен суд (МКС), кои во петокот издадоа налог за апсење на претседателот Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.
Комитетот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривично да одговара рускиот претседател Путин и дека шефовите на држави уживаат апсолутен имунитет од странска јурисдикција, пренесува Макфакс.
Постапките на обвинителите на МКС покажуваат знаци на кривично дело според рускиот закон, рече Комитетот, истакнувајќи дека станува збор за свесно обвинување невино лице за кривично дело и „подготвување напад врз претставник на странска држава, кој ужива меѓународна заштита, со цел да се комплицираат меѓународните односи“.
Потегот на Русија е симболичен гест на пркос како одговор на налогот за апсење на Путин, кој ги обвини него и комесарот за правата на децата за воено злосторство за депортирање деца од Украина во Русија.
Кремљ ја нарече одлуката на МКС срамота, но правно неважечка, бидејќи Русија не е потписник на договорот со кој беше основан МКС.