Русија не исклучува можност за средба Путин-Зеленски, ама не „колку да се рече“ средба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кремљ не ја исклучува средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Владимир Зеленски, но таа треба да биде темелно подготвена за да даде резултати, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Во теорија, тоа навистина е можно“, рече тој, коментирајќи ја забелешката на портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин дека во блиска иднина може да се одржи средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.

Во исто време, портпаролот на Кремљ истакна дека „прво, делегациите и министрите треба да го завршат својот дел од работата за да се осигурат дека претседателите нема да се сретнат само колку да се сретнат, туку дека ќе одржат состанок за да постигнат резултати“.

„Позицијата на Русија не е тајна, таа е формулирана и за неа се известени украинските преговарачи. Очекуваме да ги добиеме нивните појаснувања“, додаде Песков.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по состанокот со својот украински колега Дмитро Кулеба во четвртокот рече дека Путин никогаш не одбил да одржува контакти, но Москва не бара контакти „колку да се каже“, туку сака да направи конкретни договори.