Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Русија го спречи Советот за безбедност на Обединетите нации да ја осуди Северна Кореа поради најновото лансирање на ракета. Ова се случи и покрај тоа што иницијативата ја поддржала и Кина, сојузникот на Пјонгјанг, објавија странските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.
Во предлогот, поднесен од САД, се бара од Пјонгјанг да се воздржи од изведување на нуклеарни проби и тестирања на балистички ракети, откако еден таков тест во неделата заврши неуспешно.
Според зборовите на дипломатите во Советот за безбедност, Москва сакала да надгради некои елементи во текстот, односно да укаже на потреба решението на проблемот да биде постигнато со дијалог.
Неколкумина од дипломатите, кои сакале да останат анонимни, признале дека ги изненадила руската блокада, бидејќи текстот бил поддржан и од официјален Пекинг, кој вообичаено е дипломатскиот заштитник на Северна Кореа.
Во текстот кој не го прифати Русија, дипломатите изразиле апсолутна загриженост поради дестабилизирачкото однесување на Северна Кореа.