Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Русија најави протерување на седум дипломати од четири држави како нејзина реакција во рамки на дипломатската војна иницирана од обвинувањата кои ги упати Чешка кон официјална Москва дека руски шпиони биле вмешани во смртоносната експлозија на депо за муниција во 2014 година.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека амбасадорите на четирите европски нации биле известени дека тројца службеници во словачката амбасада во Москва, двајца службеници во амбасадата на Литванија и по еден службеник од амбасадите на Летонија и на Естонија им било наредено да ја напуштат Русија пред 5 мај поради нивната „псевдо солидарност“ со Чешка.
На почетокот на овој месец, Чесите протераа голем број руски дипломати во врска со обвинувањата, што предизвика одговор од Москва. Минатата недела, Литванија, Латвија и Естонија- сите поранешни советски републики изјавија дека ќе протераат руски дипломати во знак на солидарност со Чесите, додека Словачка и соопшти на Русија дека тројца дипломати мора да ја напуштат амбасадата во Братислава во врска со обвинувањата.
Литванија по објавата соопшти дека двајцата дипломати од нејзината амбасада „никогаш не спровеле активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“.
„Министерството за надворешни работи на Литванија исто така се надева дека Русија ќе ја промени својата агресивна надворешна политика, ќе престане да ги обвинува другите држави за ескалација на ситуацијата и, конечно, да ги слушне пораките што и ги испрати западната заедница “, се вели во соопштението.
Сите земји се членки на Европската унија и на НАТО.