Русија најави нови гранатирања на украински компании за оружје: „Тоа е одмазда за гранатирањето на Доњецк“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерство за одбрана на Русија соопшти дека Русија ќе изврше нови напади, овој пат врз украинските компании за оружје како одговор на нападот со балистички проектили врз упориштето на сепаратистите во Доњецк.

„Како одговор на гранатирањето на Доњецк, руските вооружени сили ќе преземат оперативни мерки за исфрлање од употреба компаниите од украинската одбранбена индустрија кои произведуваат оружје што го користат националистите. Ги повикуваме украинските граѓани кои работат во овие компании, како и жителите на околните куќи, да се напуштат потенцијално опасните подрачја“, се вели во соопштението.

Москва претходно соопшти дека во украинскиот воздушен напад загинале 20 цивили. Украина негираше дека го извршила нападот и тврди дека проектилот бил истрелан од Русите како изговор за одмазда.