Русија има неуништив војник: Измисли одело отпорно на експлозив и оган (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рускиот производител на тактичка опрема ЦНИИтомаш ( Централен научно-истражувачки институт за прецизно машинство) неодамна го прикажа својот најнов производ – борбен комбенизон, кој во целост штити од експлозија и од оган.

За таа прилика, каскадерката Викторија Колесникова, облечена во комбенизонот, прошета низ симулација на бојно поле, на кое експлодираа мини и се ширеше пламен од оган. Викторија помина без ниту една гребнатина, единствена последица која ја искуси беа неколку дамки на нејзиното лице од чадот.

Таа на новинарите им изјави дека чувството кога се наоѓате внатре во огнената стихија е неверојатно. Сергеј Титов, задолжен за развојната програма во ЦНИИточмаш, вели дека Колесникова ги демонстрирала можностите на напредната арамидна ткаенина, која може да издржи кинетички удари и дејство на пламен.

Сегашното ниво на развојот, на материјалот и на дизајнот на оделото се во можност да се изборат со куршуми и шрапнели, но се уште се работи на отпорност на пламен, со цел оделото да издржи 30, наместо сегашните 15 секунди, континуирано излагање на пламен.