Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Официјална Москва апелираше до Украина дека ќе ја запрат агресијата врз земјата „моментално“ доколку Киев исполни листа на услови, порача портпаролот на Кремљ.
Русија бара од Украина да ги прекине сите воени дејствија, да го смени својот Устав, да го признае Крим како дел од Русија, и да ја признае независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луханск.
Ова, според портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков се барањата на Москва по 12 дневната војна во која загинаа илјадници луѓе, а над 1,7 милиони Украинци избегаа во околните држави.
Песков за Ројтерс изјави дека Украинците се свесни за услови, и им било кажано „дека сѐ може да запре за момент“.
Русија започна „специјална операција“ за „демилитаризација и денацификација“ на Украина пред 12 дена, но главните цели на војната сега не се споменуваат од страна на Песков. Портпаролот тврди дека Русија нема дополнителни територијални аспирации кон Украина, и тврди дека не е точно оти се бара „предавање на Киев“.
„Ние ја привршуваме демилитаризацијата на Украина. Ќе ја завршиме. Но најважното е Украина да запре со воените операции. Кога тие ќе сопрат со воените операции никој нема да пука“.
Меѓу руските барања е и смена на украинскиот устав со што земјата ќе се откаже од амбициите да стане членка на ЕУ и НАТО.
„Зборувавме и за тоа дека треба да го признаат Крим како руска територија и да Доњецк и Луханск како независни држави. И тоа е сѐ. Ќе запре за момент“, порачува Песков.
Изјавата на Песков дојде во моментите кога започна третата рунда преговори меѓу делегации од двете држави во Белорусија.
„Тука не се работи за освојување на Луханск и Доњецк од Украина. Доњецк и Луханск не сакаат да бидат дел од Украина. Но тоа не значи дека треба да бидат уништени.
Што се однесува до останатото. Украина е независна држава и може да живее како сака, но под услови на неутралност“, рече Песков.