Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Финска направила опасна историска грешка со влегувањето во НАТО.
„Политиката на воена неутралност на Хелсинки долго им служеше на финските национални интереси и беше важен фактор на изградба на доверба во регионот на Балтичкото Море и европскиот континент во целост“, се наведува во соопштението на руското министерство, а пренесува Ројтерс.
Се истакнува дека тоа сега е минато.
„Финска стана една од помалите членки на алијансата која ништо не одлучува, губејќи го својот посебен глас во меѓународните работи. Сигурни сме дека историјата ќе му суди на овој избрзан чекор“, додава руската дипломатија.
Во текот на денот пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Москва активисти одржаа бучни анти-НАТО демонстрации.
Како што наведува Ројтерс, држеа транспаренти со слогани како „Стоп НАТО“ и „НАТО е спонзор на нацизмот“.
Русија и Финска имаат граница долга 1.300 километри, а Москва веќе најави дека ќе ги засили воените дивизии стационирани на нејзиниот запад и северозапад.
Финска денес стана 31 членка на западниот воен пакт.