Русија даде амин за Турски поток


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша денеска закон за ратификување на договорот со Турција за гасоводот Турски поток.

Документот е објавен на официјалниот сајт со правни информации, јави ТАСС.

Како што посочи претходно рускиот заменик-министер за енергетика Јури Сентјурин, договорот предвидува создавање на поволна нормативно-правна основа, вклучувајќи даночни и царински режими за проектирање, изградба и експлоатација на гасоводот.

Сентјурин посочи дека Турски поток е предвиден за доставување на руски гас на територијата на Турција, како и за обезбедување на исполнувањето на ангажманите на Русија за доставување на гас на територијата на земјите од Европската унија по 2019 година.

Рускиот заменик-министер за енергетика истакна дека со новиот гасовод нема да може целосно да се избегне преносот на гас преку Украина, но ќе помогне значително да се намалат ризиците што се поврзани со тоа.

Гасоводниот систем ќе минува низ акваторијата на Црното Море од Русија до приемниот терминал на турскиот брег и ќе се состои од две линии со вкупни максимални технички проектни перформанси од 31,5 милијарди метри кубни гас годишно, секоја по 15,75 милијарди метри кубни.

Пуштањето во експлоатација на двата објекти е планирано до 30 декември 2019 година.