Руни: Патување кое никогаш нема да го заборавам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вејн Руни синоќа го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Англија и доби овации од фановите на „Вембли“.

За 33-годишниот напаѓач ова беше 120-от натпревар во репрезентативниот дрес и го зазема второто место на вечната листа, а пред него е само легендарниот Питер Шилтон со 125 одиграни меча.

„Им благодарам на фановите за поддршката денес и сите овие години, благодарам. Ова беше патување кое никогаш нема да го заборавам“, напиша Руни на Твитер.