Руни открива пикантерии за Манчестер Јунајтед и заминувањето на Фергусон


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вејн Руни откри што се случило во 2010 година кога се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед.

Според него уште тогаш клубот тргнал во надолна линија, па затоа и Фергусон донел одлука да се пензионира.

„Клубот ми предложи петгодишен договор со плата од 200.000 фунти неделно. За мене беше лесно да кажам „дајте да потпишам“. Меѓутоа, јас сакав успеси на теренот, тоа за мене беше поважно од парите“, истакна Руни. Тој откри дека кога отишол да разговара со Фергусон за правецот во кој се движи клубот, откако ги продале Карлос Тевез и Кристиано Роналдо, Фергусон едноставно му рекол: „Излегувај од мојата канцеларија“.

„Всушност, ако погледнете пет години после таа средба, Алекс Фергусон знаеше во каква насока оди клубот и замина што е можно побрзо. Во клубот сè уште се обидуваат да го склопат мозаикот и да се вратат на правиот пат“, додаде Руни.

Фергусон го напушти Манчестер Јунајтед во 2013 година и од тогаш клубот се мачи да се врати на врвот.