Рубљата во топ 31 валута со најголем раст на вредноста според Блумберг


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вредноста на руската валута рубља во однос на доларот вчера продолжи да расте откако повторно беше отворена Московската берза која 2 дена беше затворена поради празници.

Нејзината вредност во однос на доларот е поголема за 11 отсто во однос на почетокот на годината. Блумберг ја смести рубљата помеѓу 31 валута со најголем раст на вредноста.

Русија успеала во тоа со контрола на капиталот, но како што пишува Bloomberg, од таа корист имаат мал број луѓе. Откако Русија ја нападна Украина, на 24 февруари, ЕУ и САД воведоа санкции, по што во март падна вредноста на рубљата. Но, потоа имаше период на стабилизација.

Во светот, актуелно е и тоа што доларот расте во однос на еврото.