Розова забава на VS: Кога модните ангели ќе „згрмат“ на розовиот тепих


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога планетарно популарниот бренд за долна облека Victoria’s Secret организира некој настан, тоа е гаранција за луксуз, екстраваганција и раскош на кој се слават стилот и женската убавина и каде на едно место можеме да ги видиме најбараните супер модели на светот.

Розовата забава по повод првото емитување на ревијата на Victoria’s Secret од Шангај, овој пат се одржа во Њујорк. Бела Хадид, Адријана Лима, Кендис Сванепоел и преостанатите ангели позираа во секси комбинации и флертуваа со фото објективите.