Рован Аткинсон „повторно во акција“: Прв трејлер за новиот „Johnny English“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Третото продолжение за Џони Инглиш, со култниот Рован Аткинсон во главната улога, го има своето најавно видео.

Новата авантура почнува кога после интернет хакерски напад се откриваат идентитетите на сите тајни агенти во Велика Британија, оставајќи го Џони Инглиш како последна надеж за тајните служби. Откако е принуден да се врати од пензија, Инглиш најпрвин тргнува во мисија во која мора да го најде хакерот кој го изврши споменатиот компромитирачки напад.

Како таен агент од старата школа, Инглиш има за предизвик да ги надминува предизвиците на модерната технологија за успешно да ја заврши својата мисија.

Во главните улоги ги имаме Рован Аткинсон, Бен Милер, Олга Киреленко, Џејк Леси и Ема Томпсон, а режијата е потпишана од Дејвид Кер.