Rough Night: Пет пријателки и еден мртов стриптизер – еве за што станува збор (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Rough Night е најавена дебитантска американска црна комедија од режисерката Лусија Аниело која, заедно со Пол В. Даунс, е одговорна и за сценариото.

Приказната ги следи пет најдобри пријателки кои после десет години се среќаваат за да ја прослават откачената моминска вечер. Лудата забава се претвора во катастрофа поради ненадејната смрт на стриптизерот. Серијата необични потези и грешки во обидот да ја прикријат смртта ветуваат одличен црн хумор

Улогите ги толкуваат Скарлет Јохансон, Зое Кравиц, Кејт МекКинон, Џилиен Бел, Илана Глејзер и Пол В. Даунс. Премиерата е закажана за 16 јуни, 2017.