Рот апелираше дека ЕУ треба да си ја исполни обврската кон Македонија и Албанија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Германскиот министер за Европа, Михаел Рот денеска за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави на Твитер дека Европската Унија без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.

„Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратешки вакуум таму. Благодарам“, твитна Рот.